Модулот (во excel) за составување на Годишната сметка може да го симнат привилигираните корисници со кликнување на повеќе
Од 1 февруари 2018 година во примена се нови правила за пополнување на платниот инструмент за јавни давачки „ПП-50“. Деталите побарај ги на ПОВЕЌЕ.
УЈП повторно ја враќа „во игра“ ДДВ евиденциите. Евиденцијата на излезните фактури за оданочив промет и долгуван данок согласно член 52 од ЗДДВ, поделена на два дела и тоа: а) Излезен промет во земјата и б) Излезен промет - Извоз; Евиденција на влезните фактури со претходен данок кој може да се одбие и на исправките на даночната основа и на одбитоците на претходниот данок, за соодветниот даночен период, поделена на два дела и тоа: а) Влезен промет од земјата и б) Влезен промет – Увоз. Даночните обврзници кои немаат доставено Табеларен преглед – ДДВ евиденција почнувајќи од 01.01.2017 година, потребно е да достават во најкус можен рок вели УЈП. За деталите види на ПОВЕЌЕ
После објавата на Централниот регистар на РМ за раскинувањето на Договорот за соработка и размена на информации со Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ, ЦРМ извести дека согласно со Законот за вршење сметководсвена дејност годишните сметки (во хартиена и електронска форма) можат да ги поднесат на: а) овластените сметководители на сите правни субјекти, б) сметководителите на здруженија, фондации и трговци поединци. Од објавата произлегува дека ЦРМ нема да ги бара како доказ броевите на лиценците на субјектите што вршат сметководствена дејност заради достава на Годишните сметки, како и доказ дека доставувачот/изготвувачот на годишната сметка има засновано некаква форма на работен однос кај субјектот на известување. Остатокот побарајте го на ПОВЕЌЕ.
Со Предлог Законот за финансиска помош на инвестиции се уредуваат видовите на финансиска поддршка на инвестициите, висината на финансиската поддршка, условите, начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка на деловните субјекти кои ќе инвестираат во Република Македонија. Предлог Законот може да го симнете на ПОВЕЌЕ.
Термини и локации за СОВЕТУВАЊАТА (КПУ обуките) за изготвување на Годишна сметка за 2017 година: 10 февруари 2018 година (сабота), СКОПЈЕ, Економски факултет при УКИМ; 13-14 февруари 2018 година (вторник-среда), СКОПЈЕ, х. „Континентал“; 16-17 февруари 2018 година (петок-сабота), ОХРИД, х. „Милениум Палас“. Програмата, задолжителната Пријава и Про фактурата побарајте ја на ПОВЕЌЕ.
Со Законот за трговија на зелени пазари (11/2018), трговијата на зелен пазар, е дефинирана како купување и продавање стоки на организиран пазар. Законот влез во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“ (18 јануари 2018 година). Деталите побарај ги на ПОВЕЌЕ.
Согласно со членот 23 од Законот за вршење на сметководствени работи, ВРШИТЕЛИТЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ: Трговец-поединец-сметковoдител; Трговец-поединец-овластен сметководител и Друштво за вршење на сметководствени работи имаат обврска најдоцна до 31 јануари 2018 година да му достават на Институтот на сметководители и овластени сметководители: Список на лица вработени како сметковoдители и овластени сметководители со регистарски број под кој се запишани во соодветниот регистар кај Институтот и Доказ за годишно осигурување од штета при вршење на професионална дејност во пропишаниот износ. За деталите види на ПОВЕЌЕ.
За последната измена и дополнување на Законот за готовинските плаќања прочитај на ПОВЕЌЕ.
Модулот (во excel) за Пресметка на плата од БРУТО износ може да го симнат привилигираните корисници со кликнување на повеќе
