Нацрт текст на НОВ Закон за акцизи

Нацрт текст на НОВ Закон за акцизи; Неколку информации од нацрт текстот на Законот за акцизи: Во новиот Предлог Закон за акцизите патничките автомобили не се предмет на оданочување; Со новиот Закон за акцизи, малите дестилерии ќе плаќаат 50% од полната акциза по литар алкохол, а земјоделците мали производители – 8,5% од полната акциза по литар алкохол. Кај големите производители на алкохол акцизата останува иста; Со новиот Закон за акцизи се овозможуваат увоз и пуштање во промет на нови тутунски производи, како несогорливиот тутун, кои граѓаните не можеа да ги набават во нашата земја, па ги набавуваа од странство; Се предвидува акцизата за тутунските производи и алкохолните пијалаци да се плаќа со пуштање во промет на производот. Досега акцизата се плаќаше однапред, со подигањето на акцизните марки; Заради следење на увозот и извозот на струјата, природниот гас, јагленот, коксот и лигнитот, овие производи стануваат акцизни добра со новиот закон, со тоа што нивната акциза се одредува на 0%. Нема да има промени во цената на овие производи поради новиот Закон за акцизи. Нацрт Законот за акцизите и детали за процесот може да побарате на ПОВЕЌЕ.

Share
Коментар на ИД на Законот за минимална плата (Сл. в. 140.2018)

Коментар на Предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија со кој се пропишува финансиска поддршка за раст на плати во износ повисок од минималната плата како и ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ на Законот за минималната плата (со вклучени предлог измени од јули 2018 година) може да симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Информатор, јули-август 2018

Од печат излезе најновото издание на списанието Информатор. Содржина: 1) Измена на Законот за минимална плата во РМ – Нова финансиска помош за раст на платите во повисок износ од минималната плата; 2) Нов износ на минимална бруто плата на РМ од јули 2018 година до март 2019 година; 3) Извршено бришење на тајните друштва и други новини во Законот за трговските друштва; 4) Нов Закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризам од 7 јули 2018 година; 5) Изменување и дополнување на Законот за работните односи; 6) Измени на Законот за трговија; 7) Измени и дополнувања во Законот за акцизите; 8) Закон за приватните агенции за вработување; 9) Мсфи 15 - Приходи од договори со купувачи - Нов меѓународен стандард за финансиско известување во примена од 01.01.2018 година; 10) Специфични промети со специфични даночни основи и даночни третмани; 11) Стекнување и отпис на долгорочни средства кај непрофитните организации Информаторот може да го симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Матична евиденција на индивидуалните земјоделци како пензиски осигуреници

Измени во матичната евиденција на индивидуалните земјоделци како пензиски осигуреници од 1 август 2018 година. Детали побарајте на ПОВЕЌЕ.

Share
ДДВ извештаи за примени проектни фактури без ДДВ

Примателите на промет во рамките на проект регистриран во СЕП и УЈП имаат обврска да водат ЕВИДЕНЦИЈА за примените сериски фактури со даночно ослободување за проект. За деталите види на ПОВЕЌЕ.

Share
Со измена на Законот за пратеници извршено намалување на патните трошоци

Со измена на Законот за пратеници, на пратениците во Собранието на РМ им се намалува надоместокот за користење на автомобили во лична сопственост за службени цели, од претходно пропишаниот во висина од 30%, на 20% од продажната цена на еден литар гориво, според изминат километар за возилото кое се користи. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Објавување на тримесечни извештаи на јавните претпријатија – јули 2018 година

Јавните претпријатија имаат обврска за достава до основачот на тримесечни извештаи со финансиски показатели за работењето и обврска после нивното усвојување да ги објават на интернет страница (своја или на основачот). Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Заради оданочувањето се предлага УЈП без поединечно барање да има податоци од банките за сите приходи на граѓаните

Иако најавени, сеуште не се донесени измените во Законот за банките со кои се предлага за целите на оданочувањето да биде суспендирана банкарската тајна за потребите на даночниот орган, а во функција на изготвување на Годишната даночна пријава за секој даночен обврзник-граѓанин. Деталите побарај ги на ПОВЕЌЕ.

Share
Одложено воведувањето на ГПРС фискални апарати за таксистите до 31.12.2018 година

Одложено воведувањето на ГПРС фискални апарати за таксистите до 31.12.2018 година. Деталите на ПОВЕЌЕ.

Share
Нов износ на МИНИМАЛНА ПЛАТА од јули 2018 година

Mинималната бруто плата од јули 2018 година ќе изнесува 17.370 денари, а соодветно на тоа и пресметаниот минимален нето износ на истата ќе бида 12.165 денари. Детали за информацијата и Пречистен текст на Законот за минимална плата со вклучени предлог измени од ЈУЛИ 2018 може да ги симнеш на ПОВЕЌЕ:

Share