Регистар на вистински сопственици (Закон за СППиФТ)

Заради обезбедување на транспарентност на сопственичката структура на правните субјекти се воспоставува регистар на вистински сопственици (во натамошниот текст: регистар). Централниот регистар на Република Македонија (во натамошниот текст: администратор на регистарот) го воспоставува, води, одржува и управува со регистарот. Министерот за финансии го пропишува начинот на внесување, пријавување, исправка и бришење на податоците од регистарот, начинот на користење, начинот на изразување на висината на уделот (индикатор за утврдување на сопственоста), начин на одржување и администрирање, техничките барања (потреби) за воспоставување на регистарот. Во Службен весник 186/18 е објавен Правилник за Регистарот на вистински сопственици (во сила е од 16 октомври 2018 година). Правните субјекти (трговски друштва, трговец поединец, самостојни вршители на дејност, подружници и филијали на странски трговски друштва и странски трговец поединец; здруженија, сојузи, фондации, комори, синдикати, политички партии, задруги, верски заедници или други организации и нотари, адвокати и други лица кои вршат јавни овластувања). Деталите и Правилникот може да ги побарате на ПОВЕЌЕ.

Share
Рок за исплата на дивиденда – 30 септември 2018 година

Одлуката за исплата на дивиденда создава обврска за друштвото да ја исплати. Според членот 185 став 3 од ЗТД, содружникот станува доверител на друштвото до висината на износот на одобрената, но неисплатена дивиденда. Одлуката е правен основ во кој е искажана волјата на сопствениците на капиталот по однос на употребата на делот од добивката за дивиденда. Од неа произлегува обврска за друштвото истата да ја исплати, а право на сопственикот на капиталот да ја побарува. Според членот 487 став 5 од ЗТД одобрената ди­ви­ден­да­ може да се испла­ти нај­доц­на во рок од де­вет месеци по завршувањето на де­лов­на­та го­ди­на за која се исплатува. Неисплатувањето на одобрена дивиденда заклучно со септември во тековната година е санкционирано како прекршок во член 599 став 1 точка 7 од Прекршочните санкции на ЗТД. Пример на Одлука за исплата на дивиденда може да симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Ваучерски систем – Нов модел на финансирање на спортот преку данокот на добивка

Македонската Влада најавува ваучерски систем на финансирање на спортот. Со ваучерскиот систем, дел од данокот на добивка, се става на располагање на спортските субјекти (спортски клубови и федерации) заради зголемување на нивната финансиска моќ. Секој правен субјект, обврзник на данокот на добивка, ќе добие можност до 50% од пресметаниот данок на добивка да го инвестира директно во спортот. Спортски клубови, федерација или поединечен спортист ќе располагаат со ваучери којшто ќе значат платен данок на добивка за компанија. Со ова сите спортски субјекти имаат еднаква шанса за примање на финансиски средства без фаворизирање. Деталите побарај ги на ПОВЕЌЕ.

Share
Барања за Автентични толкувања на Законите за ДДВ, РО и ТД

Барања за Автентични толкувања на Законите за ДДВ, за работни односи и за трговски друштва. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Предлог Закон за практиканство

Потребата од обезбедување на практична работа на лица без работно искуство во функција на целосно искористување на потенцијалот на практичната работа во реални услови за невработените лица без практично искуство и нивно полесно вклучување на пазарот на трудот, од една страна, и барањата на работодавачите за вработување на лица со практично искуство од друга страна, го иницираа предлагањето на Закон за практикантство. Детали и Предлог текст на Законот побарај на ПОВЕЌЕ. Текст на Предлог Законот за практиканство:

Share
Регистрација на ГРАЃАНИТЕ за е-персонален данок на доход

Кратко инфо за регистрација на ГРАЃАНИТЕ на електронската платформа нa УЈП за персоналниот данок на доход. Види на ПОВЕЌЕ.

Share
Примери за пресметка на надоместок на трошоци за исхрана за работа ноќе

Со дополнување на членот 128 во ставот 3 точка 2 и во ставот 5 од ЗРО, се прецизира обврската на работодавачот на „ноќните“ работници на негов трошок да им обезбеди: соодветна храна или надоместок на трошоци за исхрана во висина од 20% од просечната нето плата по работник исплатена во Република Македонија во претходната година, сразмерно за деновите кога работникот работи ноќе. На ПОВЕЌЕ побарај неколку примери за пресметка на овој (неоданочив) надоместок.

Share
Повик на УЈП за навремена регистрација на граѓаните на системот за Е-ПДД

Од 1 јануари 2019 година Управата за јавни приходи ќе изготвува пополнета Годишна даночна пријава за сите граѓани - физички лица кои оствариле приходи во текот на 2018 година. Пополнетата Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП), Управата за јавни приходи ја доставува до граѓаните најдоцна до 30 април 2019 година преку системот e-pdd.ujp.gov.mk. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Обврски за трговците на зелени пазари-барање, регистар, легитимации, прописи …

Обврски за трговците на зелени пазари-барање, регистар, легитимации, прописи .... Инфо детали и Прописи побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Безбедносен сертификат за спречување перење пари

Според членот 57 став 7 на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам („Службен весник на РМ“, бр. 120/18) овластеното лице, неговиот заменик и сите вработени во одделот за спречување перење пари и финансирање тероризам подлежат на безбедносни проверки согласно со прописите за безбедност на класифицирани информации и се должни да поседуваат безбедносен сертификат со степен „доверливо“. Детали за тоа кој го издава безбедносниот сертификат побарај на ПОВЕЌЕ.

Share