Во Службен весник на РМ број 185/17, со примена од 1 јануари 2018 годинам, објавени се измени и дополнувања на: 1) Упатство за начинот на известување за состојбата и промените на капиталот и на меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на ВЛОЖУВАЊА ОД СТРАНСТВО („Службен весник на РМ“, бр. 108/14 и 200/16) и 2) Упатство за начинот на известување за состојбата и промените на капиталот и на меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на ВЛОЖУВАЊА ВО СТРАНСТВО („Службен весник на РМ“, бр. 108/14 и 200/16). Упатствата се однесуваат на известувањето за состојбата и промените на капиталот и на меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на вложувањата во / од странство (Обрасци ВС 11 и ВС 22). Информации побарајте на ПОВЕЌЕ.
Со измена на Законот за акцизите („Службен весник на РМ“, бр. 171/17), во примена од 1 јануари 2018 година, извршено е зголемување на акцизата на гасни масла (односно за следните нафтените деривати) од точка 2 на член 28 од Законот за акцизите: - погонско гориво (акцизата се зголемила од 12,121 на = 15,121 ден/л) и - гориво за греење (акцизата се зголемила од 3,136 на = 6,136 ден/л). За обврски кои произлегуваат од зголемувањето на акцизата побарај на Коментарот на ПОВЕЌЕ.
За новините во Законот за персоналниот данок на доход што ќе се применуваат од 1 јануари 2018 година и пречистениот текст на Законот детали побарај го на ПОВЕЌЕ.
Собранието на РМ на 22.12.2017 година (петок) ГИ УСВОИ измените и дополнувањата на Законот за вршење на СМЕТКОВОДСТВЕНИ работи. Согласно со УСВОЕНИТЕ измени, за 2017 година: - ОВЛАСТЕНИТЕ СМЕТКОВОДИТЕЛИ се должни да посетат најмалку 15 КПУ часови, а - СМЕТКОВОДИТЕЛИТЕ се должни да посетат најмалку 10 КПУ часови. Деталите и пречистениот текст на Законот побарај ги на ПОВЕЌЕ.
Прегледот на нето и бруто платите (месечни и тримесечни просеци) за 2017 година, како и Прегледот на надоместоците од работен однос за 2017 година може да го симнете на ПОВЕЌЕ.
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ДОСТАВУВАЧИ НА СТОКА, АВТОШКОЛИ И ГРАДЕЖНИ КОМПАНИИ ! Советот на град Скопје ја усвоил одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за организирање и дефинирање на условите за доставување на стока на потесното градско подрачје. Согласно со оваа одлука, се забранува доставувањето на стока во периодот од 7:30 наутро до 18 часот од 1 декември до 31 март односно истата ќе се врши во периодот од 18 до 7:30 часот, со запирање и паркирање не подолго од 15 минути. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Флаерот на УЈП за новите е-пресметки на ПДД од 2018 година може да го симнете на ПОВЕЌЕ.
Термини и локации на КПУ обуки на Про Агенс во ДЕКЕМВРИ 2017 година: 12 декември (ВТОРНИК) 2017 г., Битола, х. „Милениум“; 14 декември (ЧЕТВРТОК) 2017 г., Штип, х. „Оаза“; 16 декември (САБОТА, викенд КПУ обука) 2017 г., Скопје, Економски факултет при УКИМ; 22 декември (ПЕТОК) 2017 г., Скопје, х. „Континентал“; Работните информации (Програма, Пријава, Дневен тајминг и Про фактура) побарајте ги на ПОВЕЌЕ.
Потсетуваме на обврската за исплата на регрес за годишен одмор за 2017 година согласно со законските одредби и колективните договори и пропишани износи. Деталите побарај ги на ПОВЕЌЕ.
