Oслободување од оданочување на трошоците за лабораториски тестови за Covid-19 за вработени лица

Од 7 декември 2020 година,лабораториските тестови за Covid-19 за вработени лица се ослободени од данок на личен доход; 2020 година: Трошоците за лабораториски тестови за Covid‐19 за лица вработени кај обврзникот на данокот на добивка, во износ до 9.000 денари годишно ќе имаат третман на даночно признаен расход. Детален текст на темата побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Ослободување од плаќање на аконтации на данок на личен доход на ТП и СВД за месеците ноември и декември 2020 година и јануари и февруари 2021 година

Ослободување од плаќање аконтации на данок на добивка за месеците ноември-декември 2020 година и јануари-февруари 2021 година Објавено на 08/12/2020 Со измените на Законот за данокот на личен доход (во сила од 7.12.2020 година) е пропишано право на ослободување од плаќање на аконтации на данокот од вршење на самостојна дејност за месеците ноември и декември 2020 година, како и за јануари и февруари 2021 година. За условите кои треба да ги исполнат правните лица обврзници на данок на личен доход (ТП / СВД) за да бидат ослободени од плаќање на аконтациите на данокот за овие 4 месеци и за останатите детали, вклучувајќи и пречистен текст на Законот побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Ослободување од плаќање аконтации на данок на добивка за месеците ноември-декември 2020 година и јануари-февруари 2021 година

Со измените на Законот за данокот на добивка (во сила од 7.12.2020 година) е пропишано право на ослободување од плаќање на аконтации на данок на добивка за месеците ноември и декември 2020 година, како и за јануари и февруари 2021 година. За условите кои треба да ги исполнат правните лица обврзници на данок на добивка за да бидат ослободени од плаќање на аконтациите на данокот на добивка за овие 4 месеци и за останатите детали, вклучувајќи и пречистен текст на Законот побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Собрание: Предлог измени и дополнувања на Законот за данокот на личен доход

Во Собранието на РС Македонија во тек е 22 седница на чиј дневен ред е Законот за изменување и дополнувања на Законот за данокот на личен доход. Со предлог законските промени, покрај одредени допрецизирања на законските одредби (кои нема да ги елаборираме), вклучени се повеќе новини, од кои некои ќе важат со денот на објавувањето во 2020 година, а некои од 01.01.2021 година. Во линкуваниот текст даваме подетални информации за предложените новини. Деталите побарај ги на ПОВЕЌЕ.

Share
Најнови Предлог измени на Законот за данокот на добивка и Законот за данокот на личен доход во собраниска процедура

Најнови Предлог измени на Законот за данокот на добивка и Законот за данокот на личен доход во собраниска процеддура. Краток преглед и Предлог Законот за данокот на добивка и Законот за данокот на личен доход побарај, како и пречистени текстови на двата закони побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Измени на Законот за ДДВ (267.20)

Коментар на Измените на Законот за ДДВ и пречистен текст на Законот за ДДВ побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Пречистен текст на Законот за ДДВ (267/20)

Линк до пречистен текст на Законот за ДДВ (со вклучени измени и дополнувања објавени во Сл. весник бр. 267/20) на ПОВЕЌЕ.

Share
Предлог измени на Законот за ДДВ: Детали, тајминг на примена и пречистен текст на Законот со предлог измените

Информација за предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност; Одредби кои се применуваат од денот на влегувањето во сила на измените на Законот за ДДВ до 31 декември 2021 година и одредби кои ќе се применуваат од 01 јануари 2021 година. Пречистен текст на Законот за ДДВ со вклучени одредби од Предлог Законот за ДДВ може да симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Собрание на РСМ: Закони од 4-от сет мерки за поддршка на компаниите погодени од Covid-19

На 20-тата седница на Собранието на РСМ закажана за 29.10.2020 година на дневен ред се Законите за финансиска поддршка на компаниите погодени од Covid-19 како и други важни закони кои ја афектираат сметководствената професија. Предлог Законите побарај ги на ПОВЕЌЕ.

Share
Сметководствен и даночeн третман при пренамена на недвижности

Поради разни деловни причини, трговските друштва и други стопански субјекти се одлучуваат за пренамена на еднаш веќе наменски класифицираните недвижнини. Така на пример, стопанствениците се одлучуваат своите недвижности користени во дејноста, да ги пренаменат за изнајмување, продажба или пак вложување во друго друштво. Често пати, недвижностите кои се изградени за цели на продажба, а продажбата не е извесна, се даваат за изнајмување. Сите детали за Сметководствениот и даночниот третман при пренамена на недвижности побарај ги на ПОВЕЌЕ.

Share