Алатка за пресметка на месечната аконтација на данокот на добивка за 2022 година можеш да симнеш на ПОВЕЌЕ.
Најновите предлог измени на Законот за ДДВ во собраниска процедура. Про Агенс изготви пречистен текст на Законот за ДДВ со вклучување на предлог измените од февруари 2022 година. Пречистениот текст на Законот за ДДВ (со вклучениот предлог) и други детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Задржан данок: Потврди за резидентен стауст за 2022 година за Facebook (Meta) и Google побарај на ПОВЕЌЕ.
Барања за претворање на финансиската поддршка од 2021 во грант и други нови даночни обрасци, даночно намалување (лично ослободување за 2022 година). Деталите побарај ги преку линковите на ПОВЕЌЕ.
Новата Одлука за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност (Одлука 5% ДДВ) Службен весник, бр. 293/2021 се применува од 1 јануари 2022 година. Одлуката побарај на ПОВЕЌЕ.
Дополнета Одлуката за прометот на добра и услуги на кои сe применува Reverse Charge со изградба на топловоди и топловодни системи со дистрибутивна мрежа. Дополнетата Одлука и пречистен текст на Одлуката побарај на ПОВЕЌЕ.
Со измената и дополнувањето на Законот за ДДВ (163/21) се пропиша намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% за прометот и увозот на електричната енергија за домаќинствата за период од 16.07.2021 (ден на влегување во сила на законот) до 30 јуни 2022 година, како и идно оданочување на истиот промет со даночна стапка од 10% за периодот од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година. По истекот на наведените периоди на примена на повластената стапка од 5% и 10%, од 1 јули 2023 година, прометот и увозот на електричната енергија за домаќинствата, повторно ќе се оданочува со 18% ДДВ. Останатите потрошувачи (деловните субјекти) немаат повластувања, односно поскапувањето на енергијата ќе ги товари нивните трошоци, со тоа што за оние кои не се ДДВ обврзници или немаат право на одбивка на ДДВ, поскапувањето додатно се одразува преку пресметаните 18% ДДВ на повисока основица.
Данок на добивка - 2021: Удвоен износот на даночно признатиот регрес за годишен одмор и зголемување на даночно признатите расходи за тестирање за COVID-19. Детали и пречистен текст на Законот за данокот на добивка побарај на ПОВЕЌЕ.
Во Службен весник број 151/2021 од 6 јули 2021 година се објавени две измени и дополнувања на Законот за даноците на имот. Со измените, од 2022 година се зголемуваат пропишаните даночни стапки за оданочување на неактивниот имот за ТРИ ПАТИ и за ПЕТ ПАТИ, ако се открие неактивен имот кој не е пријавен. Од 2022 година заради оданочувањето се воведува обврска за ревизија (со процена) на пазарната вредност на имотот.
ДВЕ годишно транзициско намалување на стапката на ДДВ на прометот на струја за домаќинствата. Јунскиот предлог текст на Законот за ДДВ и пречистенио текст побарајте ги на ПОВЕЌЕ.
