Во „Службен весник на РСМ“, бр. 271/19 објавен е Правилникот за формата, содржината и начинот на составување на годишниот даночен биланс за обврзниците кои вршат самостојна дејност. Со Правилникот е пропишана формата, содржината и начинот на составување на годишниот даночен биланс (Образец ДЛД-ДБ) за обврзниците кои остваруваат приходи од вршење на самостојна дејност и кои се должни да водат деловни книги. Повеќе детали и Правилникот побарај на ПОВЕЌЕ.
Детали за износот на личното ослободување (даночно намалување) за 2020 година побарај на ПОВЕЌЕ.
Кратка информација за предлог измените и дополнувањата на Законот за данокот на личен доход и Законот за ДДВ и Текстовите на ДВАТА Предлог Закони доставени до Собранието. Детали на ПОВЕЌЕ.
УЈП објави НОВ МПИН плус Информација за начинот на поднесување на барање на субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата. Линк до информацијата на ПОВЕЌЕ.
На 166 Седницата на Владата на Северна Македонија одржана на 19.11.2019 година е утврден текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, и истиот е доставен на усвојување до Собранието на државата. За какви измени се работи побарај на ПОВЕЌЕ.
Во „Службен весник на РСМ“, број 225 од 31.10.2019 се објавија измени и дополнувања на новиот Закон за акцизите (Законот и неговите измени се објавени во „Службен весник на РСМ“ бр. 108/19, 143/19 и 225/19). Ова е втора измена и второ одлагање на започнување на примената на овој Закон. Новиот датум за започнување на примената на новиот Закон за акцизите е 1 јануари 2020 година. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Прагот за регистрација за ДДВ обврзници од 2020 година се подига на 2 милиони денари. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Се одлага за 3 години оданочувањето на капиталните добивки од ХВ и на каматите од депозити. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Ангеловска: Прогресивниот данок се става во мирување, следните 36 месеци личниот доход ќе се даночи со 10 проценти. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Согласно Законот за даночна постапка, поради отежнатото поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци на 25 Октомври 2019 година , се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата се продолжува. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавата (25.10.2019) се продолжува за (три) дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 28.10.2018 година (понеделник). Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
