Членот 104 од ЗРО, во кој како основа за престанокот на договорот за вработување се утврдува возраста на работникот, утврдува рок во кој работникот со писмена изјава до работодавачот може да побара да му се продолжи договорот за вработување најмногу до 67 години возраст. Писмената изјава работникот, за прв пат, ја дава најдоцна до 31 август во годината која што и претходи на годината во која работникот ќе наполни 64 години возраст. За секое натамошно продолжување на договорот за вработување најмногу до 67 години возраст, работникот (маж и жена) изјавата ја дава еднаш годишно, а најдоцна до 31 август во годината којашто и претходи на годината за која се бара продолжување на договорот за вработување. Работодавачот е должен по дадената изјава да го продолжи договорот за вработување најмногу до 67 години возраст. Пример на писмена изјава може да симнете на ПОВЕЌЕ.
Насоки на УЈП за начинот на подготовка на МПИН пресметка од страна на работодавач за лица на ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА симни на ПОВЕЌЕ.
Целосно апдејтиран текст за пресметување на надоместок за БОЛЕДУВАЊЕ со детали, примери и пресметки, како и пречистен текст на Правилникот за содржината и начинот на остварувањето на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување побарај на ПОВЕЌЕ.
Во „Службен весник на РС Македонија“, бр. 127/19 од 21 јуни 2019 година, министерот за труд објави два нови правилници поврзани со Законот за практикантство („Службен весник на РС Македонија“, бр. 98/19). Деталите за новите правилници, коментар на законот и самиот Закон за практикантство побарај ги на ПОВЕЌЕ.
Текст за примена на НОВИОТ Закон за практикантство, со детални објаснувања и примери со пресметки и Новиот Закон за практиканство може да го симнете на ПОВЕЌЕ.
Презентации од КПУ 2.2019: Законот за практикантство, Примери и пресметки за практикантстки надоместок и Решенија за дилеми од ЗРО. Побарај на ПОВЕЌЕ.
Владата на РСМ одлучи 7 мај 2019 (вторник) да биде неработен ден за сите вработени во јавната и државната администрација на територијата на Град Скопје. На приватните компании, особено од централното градско подрачје Владата исто така им препорача да не работат. За начинот на пресметување на платата за овој ден детали побарај на ПОВЕЌЕ.
За вршењето работа која не е предвидена во договор за вработување и забрана на конкурентско дејствување проќитај детали на ПОВЕЌЕ.
Во кратки и концизни текстови се осврнуваме на неколку дилеми од работните односи: Mожност за трансформирање на договорот за вработување од определено на неопределено време, Можност за откажување на договорот за вработување со приправник, Можно порамнување (компензирање) на исплаќањето на плата, Момент на започнување на течење на отказен рок, Паричен надоместок наместо отказен рок, Застарување на парични побарувања од работен однос, Казнени мерки за затекнување на непријавени работници, Детали побарајте на ПОВЕЌЕ.
Текст за организирање и вреднување на работното време може да симнете на ПОВЕЌЕ.
