Во „Службен весник на РСМ“ број 97 од 9 април 2020 година е објавена Уредба за изменување на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Covid-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година, која влезе во сила со денот на објавување т.е. на 9 април 2020 година. Со Уредбата е изменета Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Covid-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година, објавена во „Службен весник на РСМ“ број 93 од 7 април 2020 година која влезе во сила со денот на објавување т.е. на 7 април 2020 година. Со измена на Уредбата е дадена можност мерката за финансиска поддршка да ја користат и сопствениците, управителите и членовите на УО и НО на работодавачите, корисници на финансиска поддршка. Исто така, обврската за задржување на истот (или поголем) број на работници наместо до септември 2020 година се скратува заклучно со јули 2020 година. Со Уредбата е пропишана можност за финансиска поддршка на работодавачите заради исплата на плати на работниците за износ од 14.500 денари месечно по работник за месеците април и мај 2020 година. Детали за примената на Уредбата (правила, можности, услови, евиденција, ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ НА Уредбата) со бројни примери побарај на ПОВЕЌЕ.
Со Уредбата на Законот за работните односи (90.2020 година, во сила од 04.04.2020 година) се утврдуваат рокови за користење на остатокот од годишните одмори од 2019 година, односно рокви за користење на првиот дел од годишните одмори за 2020 година. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Во услови на драстично намалување на економската активноста на компаниите предизвикана од ширењето на корона вирусот (Covid-19), уследија и бројни откази на вработените, кои во актуелниот момент за многу субјекти се нужна мерка за намалување на трошоците на работењето и обезбедување на нивниот опстанок на пазарот. Но, не секоја форма (причина) на откажувања на договорите за вработување, резултира со стекнување на одредени материјални права на страна на работникот, во случај на невработеност. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Текст за Привремен принуден одмор (ППО) како институт на колективно договорање побарај на ПОВЕЌЕ.
Целосен текст за Интерни (компаниски) мерки за ублажување на економските последици од ширењето на Covid 19 побарај на ПОВЕЌЕ.
Проагенсова алатка за пресметка на практикантски надомест, согласно со насоките на УЈП и Законот за практиканство, може да симнете на ПОВЕЌЕ. Нова шифра за МПИН образецот за практикант со неполно работно време.
Поттикнувањето на вработувањето на млади лица до 23 години со додаток од државата од 3.000 денари/месечно. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Текст посветен на правото, обврската, висината, даночниот третман, ... на регресот за годишен одмор и новогодишниот надомест за 2019 година побарај на ПОВЕЌЕ.
404 нова шифра во МПИН за субвенционирање на придонесите. Правилникот и Законот за субвенционирање на придонесите, како и Коментар на правото за субвенциониање на придонесите за зголемување на плата побарај на ПОВЕЌЕ.
Преглед на празници и неработни денови во 2020-та година на ПОВЕЌЕ.
