Најава на изменување на Законот за платниот промет: Согласно со актуелното решение од Законот за платниот промет, на 1 јануари 2018 година треба да престане можноста правните субјекти кои имаат блокирани трансакциски сметки да вршат плаќање со компензација, асигнација, цесија и преземање на долг. Примената на ова решение ќе биде одложено, овој пат за 1 година.
Текст за даночниот третман на КПУ обуките од аспект на ДДВ, данок на добивка и персонален данок на доход побарајте на ПОВЕЌЕ.
Од 2018 година започнува примената на Договорот за одбегнување на двојно оданочување со Белгија
Известување на ИСОС за КПУ до членовите на Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ (26,10,2017)
25.10.2017 е-Даноци во прекин - Рокот за поднесување на ДДВ-04 пријава ќе биде продолжен Поради технички проблеми и отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, УЈП ги известува даночните обврзници и сметководителите дека рокот (25.10.2017 година) за поднесување на ДДВ-04 пријавата ќе биде продолжен. Во моментот кога ќе се отстранат техничките пречки во ИТ системите, Управата за јавни приходи дополнително ќе информира за достапноста на системот е-Даноци и за продолжување на рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата.
Најава на измените на Законот за персоналниот данок на доход кои се веќе достапни за коментирање. Пречистениот текст на Законот за персоналниот данок на доход со вклучени предлог измени може да го симнете на ПОВЕЌЕ.
1) Кратко ИНФО со актуелните законски одредби за КПУ, 2) Годишна Програма за КПУ на ИСОС за 2017 година, 3) Напатствие за КПУ и 4) Работни материјали за КПУ обуката бр. 1/2017 – 16 часа на Агенцијата Про агенс. Прирачник за КПУ (бесплатно) !
Заради уредување на меѓусебните права, обврски и одговорности, работодавачот и работникот може да потпишат ДОГОВОР ЗА КОНТИНУИРАНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ И СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ. Со ваков договор освен што ќе се уреди облигацијата на двете договорни страни, ќе се обезбеди и правна арматура за целите на барањата уредени со Законот за данокот на добивка. Договорот ќе овозможи даночно признавање на трошоците за КПУ што ќе паднат на товар на работодавачот. Пример на Договор за КПУ подготвен од Про Агенс побарај на ПОВЕЌЕ.
Управниот Одбор на Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ, на седница одржана на ден 11.09.2017 година донел (Одлука, бр. 0302/291) Правилник за критериуми за утврдување на цената на сметководствените услуги. Правилникот може да го симнете на ПОВЕЌЕ.
Јавна Покана до Овластените сметководители и Сметководители за посетување на КПУ ОБУКИТЕ на Про АГЕНС Про агенс во текот на втората половина на месец ОКТОМВРИ и првата половина од месец НОЕМВРИ 2017 година, започнува со организирање на Едукативните Обуки за континуирано професионално узовршување (КПУ) на Овластените сметководители и Сметководители согласно со Законот за вршење на сметководствени работи и барањата на ИСОС. За деталите види на ПОВЕЌЕ.
