Кратко инфо за регистрација на ГРАЃАНИТЕ на електронската платформа нa УЈП за персоналниот данок на доход. Види на ПОВЕЌЕ.
Со дополнување на членот 128 во ставот 3 точка 2 и во ставот 5 од ЗРО, се прецизира обврската на работодавачот на „ноќните“ работници на негов трошок да им обезбеди: соодветна храна или надоместок на трошоци за исхрана во висина од 20% од просечната нето плата по работник исплатена во Република Македонија во претходната година, сразмерно за деновите кога работникот работи ноќе. На ПОВЕЌЕ побарај неколку примери за пресметка на овој (неоданочив) надоместок.
Од 1 јануари 2019 година Управата за јавни приходи ќе изготвува пополнета Годишна даночна пријава за сите граѓани - физички лица кои оствариле приходи во текот на 2018 година. Пополнетата Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП), Управата за јавни приходи ја доставува до граѓаните најдоцна до 30 април 2019 година преку системот e-pdd.ujp.gov.mk. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Обврски за трговците на зелени пазари-барање, регистар, легитимации, прописи .... Инфо детали и Прописи побарај на ПОВЕЌЕ.
Темата на текстот е дисциплинската одговорност на административните службеници, појавни форми на истата, видови на дисциплински мерки, постапката за утврдување на дисциплинска одговорност и изрекување на дисциплински мерки, правна заштита на административниот службеник, суспензија и други аспекти од значење за утврдување на дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор кои вршат административни работи. Текстот побарај го на ПОВЕЌЕ.
Понеделник (3 септември 2018) е платен одмор за родителите кои имаат ПРВАЧЕ и работат во ЈАВНИОТ СЕКТОР. За правниот основ и деталите побарај на ПОВЕЌЕ.
За обврската за задолжителна обука на работник за гасење пожар, односно за давање на прва помош побарај на ПОВЕЌЕ.
По донесувањето на најновите измени и дополнување на Законот за работни односи од месец ЈУНИ 2018 година (Сл. весник 120/18), изготвивме пречистен текст на ЗРО во кој се вклучени измените. Пречистениот текст на Законот и Коментар на измените симнете на ПОВЕЌЕ.
Од 7 август 2018 година влезе во сила новиот Закон за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај. Коментар на Законот и самиот Закон побарај ги на ПОВЕЌЕ.
Во Царинскиот закон е направена уште една измена и дополнување, четиринаесетта по ред, која е објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 144 од 03.08.2018 година, а влегува во сила од 11 август 2018 година. Деталите побарајте ги на ПОВЕЌЕ.
