Од 7 август 2018 година влезе во сила новиот Закон за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај. Коментар на Законот и самиот Закон побарај ги на ПОВЕЌЕ.
Во Царинскиот закон е направена уште една измена и дополнување, четиринаесетта по ред, која е објавена во „Службен весник на РМ“, бр. 144 од 03.08.2018 година, а влегува во сила од 11 август 2018 година. Деталите побарајте ги на ПОВЕЌЕ.
Нацрт текст на НОВ Закон за акцизи; Неколку информации од нацрт текстот на Законот за акцизи: Во новиот Предлог Закон за акцизите патничките автомобили не се предмет на оданочување; Со новиот Закон за акцизи, малите дестилерии ќе плаќаат 50% од полната акциза по литар алкохол, а земјоделците мали производители – 8,5% од полната акциза по литар алкохол. Кај големите производители на алкохол акцизата останува иста; Со новиот Закон за акцизи се овозможуваат увоз и пуштање во промет на нови тутунски производи, како несогорливиот тутун, кои граѓаните не можеа да ги набават во нашата земја, па ги набавуваа од странство; Се предвидува акцизата за тутунските производи и алкохолните пијалаци да се плаќа со пуштање во промет на производот. Досега акцизата се плаќаше однапред, со подигањето на акцизните марки; Заради следење на увозот и извозот на струјата, природниот гас, јагленот, коксот и лигнитот, овие производи стануваат акцизни добра со новиот закон, со тоа што нивната акциза се одредува на 0%. Нема да има промени во цената на овие производи поради новиот Закон за акцизи. Нацрт Законот за акцизите и детали за процесот може да побарате на ПОВЕЌЕ.
Коментар на Предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија со кој се пропишува финансиска поддршка за раст на плати во износ повисок од минималната плата како и ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ на Законот за минималната плата (со вклучени предлог измени од јули 2018 година) може да симнете на ПОВЕЌЕ.
Од печат излезе најновото издание на списанието Информатор. Содржина: 1) Измена на Законот за минимална плата во РМ – Нова финансиска помош за раст на платите во повисок износ од минималната плата; 2) Нов износ на минимална бруто плата на РМ од јули 2018 година до март 2019 година; 3) Извршено бришење на тајните друштва и други новини во Законот за трговските друштва; 4) Нов Закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризам од 7 јули 2018 година; 5) Изменување и дополнување на Законот за работните односи; 6) Измени на Законот за трговија; 7) Измени и дополнувања во Законот за акцизите; 8) Закон за приватните агенции за вработување; 9) Мсфи 15 - Приходи од договори со купувачи - Нов меѓународен стандард за финансиско известување во примена од 01.01.2018 година; 10) Специфични промети со специфични даночни основи и даночни третмани; 11) Стекнување и отпис на долгорочни средства кај непрофитните организации Информаторот може да го симнете на ПОВЕЌЕ.
Измени во матичната евиденција на индивидуалните земјоделци како пензиски осигуреници од 1 август 2018 година. Детали побарајте на ПОВЕЌЕ.
Примателите на промет во рамките на проект регистриран во СЕП и УЈП имаат обврска да водат ЕВИДЕНЦИЈА за примените сериски фактури со даночно ослободување за проект. За деталите види на ПОВЕЌЕ.
Со измена на Законот за пратеници, на пратениците во Собранието на РМ им се намалува надоместокот за користење на автомобили во лична сопственост за службени цели, од претходно пропишаниот во висина од 30%, на 20% од продажната цена на еден литар гориво, според изминат километар за возилото кое се користи. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Јавните претпријатија имаат обврска за достава до основачот на тримесечни извештаи со финансиски показатели за работењето и обврска после нивното усвојување да ги објават на интернет страница (своја или на основачот). Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Иако најавени, сеуште не се донесени измените во Законот за банките со кои се предлага за целите на оданочувањето да биде суспендирана банкарската тајна за потребите на даночниот орган, а во функција на изготвување на Годишната даночна пријава за секој даночен обврзник-граѓанин. Деталите побарај ги на ПОВЕЌЕ.
