Физички лица обврзници на ДДВ – Софтвер за странски корисник

Деновиве УЈП, до голем број на граѓани доставува покани барајќи документирани образложенија за правниот основ на остварените приходи пријавени во даночните пријави за 2017 годна, во износ поголем од 1 милион денари. Се работи за постапка на утврдување на оданочив промет заради кој мора да се изврши регистрација за ДДВ. Во овој праг за регистрација не влегуваат ПЛАТИТЕ, ДИВИДЕНДИТЕ,... но и некои други приходи кои се остварени од вршењето на услуги кои согласно со дефинициите во Законот за ДДВ не се оданочиви, односно чие место на промет не паѓа во земјата (на пр. сет на услуги утврдени во членот 13 став 3 од Законот за ДДВ, извршени за странски корисник, кој нема регистрирано фирма/подружница во МКД).... Во продолжение презентираме одговор на УЈП на прашање за даночниот третман на софтверско решение за нарачател од странство. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Законот за данокот на личен доход објавен во Сл. весник на РМ, бр. 241/2018

Во „Службен весник на РМ“, бр. 241/2018 од 26.12.2018 година е објавен НОВИОТ Закон за данокот на личен доход. Законот ќе се применува од 1 јануари 2019 година. Законот за данокот на личен доход може да го симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Усвоени Законот за данокот на личен доход и Законот за придонеси

Собранието на РМ на 66-та седница одржана (24 декември 2018-та година) ги усвои: Законот за данокот на личен доход и Законот за изменување и дополнување на Законот за придонесите од задолжително социјално осигурување. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Дополнет Предлог Закон за данокот на личен доход, декември 2018-та

Предлог Законот за данокот на личен доход е дополнет со амандмани усвоени на Комисијата за финансирање и буџет одржана на 6 декември 2018 година. Со овие дополнувања Законот е проследен на усвојување во Собрането на РМ. Целосниот текст на предлог Законот за данокот на личен доход со вклучени усвоени амандмани (со црни букви) може да го симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Пречистен текст на Законот за ПИО – 220.2018

Најнов пречистен текст на Законот за ПИО, заклучно со измените објавени во Службен весник на РМ, бр. 220/18 може да симнете (измените се разликуваат по бојата на буквите) на ПОВЕЌЕ.

Share
Дали секој трговец мора да има СВОЈ акт за ПОПИС?

Дали секој трговец мора да има СВОЈ акт за ПОПИС? Одговорот на ова прашање е дадено во член 5 од ПРАВИЛНИКОТ ЗА НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ. Деталите на ПОВЕЌЕ.

Share
Извештај на општините и единките корисници во excel

Со Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски („Службен весник на РМ“, бр. 209/18) e уредeна финансиската поддршка за единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа од областа на: образованието, културата, детската и социјалната заштита за финансирање на доспеани, а неплатени обврски. Согласно со Законот во Сл. веник на РМ, бр. 224/18 пропишани се соодветни извештаи. Извештаите подготвени во форма на 3 excel-и може да ги симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Термини и локации за Проагенсовите КПУ Обуки – ДЕКЕМВРИ 2018 година

Проагенсови КПУ обуки 4/2018, ДЕКЕМВРИ 2018: 14 декември 2018-та (петок) – Куманово, сала на општината 15 декември 2018-та (сабота) – Скопје, Економски факултет при УКИМ 17 декември 2018-та (понеделник) – Битола, х. Милениум 21 декември 2018-та (петок) – Скопје, х. Континентал

Share
Предлог измени на Законот за вршење на готовински плаќања

Поради констатирани злоупотреби во праксата, особено во сегментот угостителство, и заради подобрувања на одредени одредби од Законот за регистрирање на готовински плаќања, предложени се измени и дополнувања на Законот. Деталите побарај ги на ПОВЕЌЕ.

Share
Предлог измени на Законот за данокот на добивка во примена од 2019 година

Какви се решенијата во Предлог измените на Законот за данокот на добивка во примена од 2019 година (сите детали ќе ги дознаете на ДЕКЕМВРИСКИ КПУ обуки на Про Агенс). Предлог Законот и ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ на Законот со вклучени предлог измени од ноември 2018 година, како и детали за него побарај на ПОВЕЌЕ.

Share