Почитувани, Заради посебната ситуација настаната заради коронавирусот, Информаторот 4/2020 го објавуваме само во дигитална (pdf) форма. Најавуваме дека и Информаторот 5/2020 набрзо ќе биде објавен само во дигитална форма. Информаторот број 4/2020 побарај го на ПОВЕЌЕ.
Новата Уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот covid-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година е објавена во „Службен весник на РСМ“, бр. 111/2020 од 28 април 2020 година. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Со Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба (108/2020) уредена е можност за одложено доставување на ДДВ-пријавите и плаќањето на ДДВ по нив. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Обновено (24.04.2020): Јавен сектор - Измена на ограничувањата за исплата на додатоци и надоместоци на плата за април и мај 2020 година. Коментар, пречистен текст на уредбата и сите поратечки прописи побарај ги на ПОВЕЌЕ.
Во Службен весник на РСМ, бр. 108/2020, во сила од 24 април 2020 година објавена е Уредба со законска сила за примена на Законот за игрите на среќа и за забавните игри за време на вонредна состојба со која се уредува можноста за приредувањето на интернет игрите на среќа во казино, обложувалница и автомат клуб. Текстот на Уредбата може да го симнеш на ПОВЕЌЕ,
Tрговците на мало од 22 април 2020-та имаат обврска: да обезбедат редарска служба при влезот и во внатрешноста на објектот, за да се запази минимум потребното растојание меѓу лицата пред и во објектот; да обезбеди спроведување на дезинфекција за раце при влез во објектот; да постави соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред и во објектот; да обезбеди заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените лица во објектот; вработените лица се должни заштитната опрема да ја носат за времетраење на работното време. Детали и пречистен текст на Уредбата побарај на ПОВЕЌЕ.
ПРИМЕРИ НА АКТИ ЗА ГОДИШЕН ОДМОР ВО УСЛОВИ НА КОРОНА КРИЗАТА: Согласно со Уредбата со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба: Пример на Одлука за користење на годишен одмор, Пример на План за користење на годишен одмор, Пример на Решение за користење на годишен одмор. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
23.04.2020: Дозвола за движење на вработени во компании во времетраење на ограничување на движењето заради вршење на сменска и ноќна работа, кратко инфо и урнек на Дoзвола можеда симнете на ПОВЕЌЕ.
ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ-04 ДО 30 АПРИЛ 2020 ГОДИНА.
Со Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примената на Законот за извршување за време на вонредната состојба („Службен весник на РСМ, бр. 103/2020 од 16.04.2020 година) се извршени прецизирања на: предметите, примањата и постапките за извршување. Детали побарајте на ПОВЕЌЕ.
