Финансиска поддршка за направени инвестиции на деловните субјекти

Во „Службен весник на РСМ“, бр. 153/20 од 9 јуни 2020 година е објавена НОВА Уредба со законска сила за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во текот и во пост Covid 19 периодот. Со Уредбата се создаваат услови за поддршка на македонските компании заради задржување и обновување на деловна активност вклучувајќи го враќањето на изгубени пазари со што ќе се одржат деловните потфати кои ќе придонесат за заздравување на домашната економија, преку реализација на инвестициски проект во периодот за време и после корона кризата, во периодот од март 2020 година до декември 2021 година. Коментар, Уредба, Повик, Пријава и Инвестициски план побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Финансиската поддршка за исплата на платите, под непроменети услови и во износ од 14.500 по работник се продолжува и за месец ЈУНИ 2020 година.

Финансиската поддршка за исплата на платите, под непроменети услови и во износ од 14.500 по работник се продолжува и за месец ЈУНИ 2020 година. Коментар, детали и пречистен текст на Уредбата побарај на ПОВЕЌЕ

Share
25 мај 2020 година: Започна примената на новиот Закон за управни спорови

Новиот Закон за управни спорови (новиот ЗУС), објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 96/19 од 15.05.2019 година, влезе вo сила на 25.05.2019 година, со одложена примена од една година, која започна со 25.05.2020 година претставува нов, современ акт кој придонесува кон унапредувањето на судскиот систем на РСМ и неговото функционирање, преку усогласување со стандардите на ЕУ и отстранување од правниот поредок законски решенија со кои се попречува остварување на контролната функцијата на судството над законитоста на актите донесени органите на државната управа. Коментар и Законот за управни спорови побарај ги на ПОВЕЌЕ.

Share
ПРОТОКОЛ за превентивни мерки за сите работни места

ПРОТОКОЛ за превентивни мерки за сите работни места. Протоколот и деталите побарај ги на ПОВЕЌЕ.

Share
Ново: Измена на Уредбата за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, млади лица и здравствени работници

Ново: Измена на Уредбата за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, млади лица и здравствени работници. Финаниска поддршка на граѓани со низок доход, млади лица и здравствени работници е наменета за неколку категории на корисници, во различни износи: Граѓаните со низок доход ќе добијат еднократна финансиска поддршка во износ од 9.000 денари по лице; Работниците со низок доход ќе добијат еднократна финансиска поддршка во износ од 3.000 денари по лице; Младите лица ќе добијат еднократна финансиска поддршка во износ од 3.000 денари по лице; Здравствените работници кои учествувале во тестирање и дијагностицирање на граѓани заболени од COVID-19 и нивно лекување ќе добијат еднократна финансиска поддршка во висина на 40% од износот на последната пресметана основна нето плата на секој работник одделно до денот на влегување во сила на оваа уредба со законска сила. Детали и пречистен текст на Уредбата побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Стечајни постапки НЕМА да се отвораат за време на вонредната состојба и после тоа, до 30 јуни 2020 година

Стечајни постапки НЕМА да се отвораат за време на вонредната состојба и после тоа, до 30 јуни 2020 година. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Казнена камата според Уредбата на ЗОО за ЈУНИ 2020 година

Народна банка на РС Македонија ја објави референтната стапка за пресметување на стапката на казнената камата за мај 2020 година. Детали побарај на ПОВЕЌЕ

Share
Дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности за време на вонредна состојба

УРЕДБАТА за примена на Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности е дополнета со одредба за пролонгиран рок на важење на истата, до 31.12.2020 година. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Пролонгиран рокот за доставувањето на ревидираните и одобрени финансиски извешти за 2019 година за средни и големи АД и ДОО

Пролонгиран рокот за доставувањето на ревидираните и одобрени финансиски извешти за 2019 година за средни и големи АД и ДОО. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Уплатна сметка за плаќање на данокот на личен доход за 2019 година (за плаќање на евентуалните разлики од ГДП)

Доплатата на евентуалната разлика на данокот по Годишната Даночна Пријава за 2019 година се врши до 30 јуни 2020 година. За доплатата УЈП НЕМА да изготви и достави посебно Решение, ниту пак ќе достави Налог за плаќање. Ако е извршена КОРЕКЦИЈА на Годишната Даночна Пријава, во тој случај УЈП ќе изготви и ќе достави Решение за утврдување на данокот во Годишната Даночна Пријава за 2019-та година во рок од 60 дена. Уплатната сметка и други детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share