Честопати, во случаите кога набавените добра и/или услуги се продаваат под набавната цена (или цена на чинење) погрешно се толкува исходот на ваквата трансакција од аспект на данокот на додадена вредност. Поради издвоено набљудување на повисокиот претходен данок од понискиот излезен данок (даночен долг) од продажбата, даночниот орган (даночните инспектори) на тоа гледа како на штета нанесена на Буџетот и обично се бара „надоместување“ на истата. Дали ваквото постапување е правилно? Дали навистина постои штета за Буџетот? Во текстов се осврнуваме на оваа проблематика и воопшто на продажбите по цени пониски од набавните (цените на чинење). Деталите побарај ги на ПОВЕЌЕ.
Методот на наградување на лојалноста на купувачите, со доделување на наградни бодови, врз основа на вредноста на извршеното купување е предмет на интерес во текстот што можете да го симнете на ПОВЕЌЕ
