Април 2021: Апдејтирање на алатката за пресметка на практикантски надомест побарај на ПОВЕЌЕ.
Продолжено ослободувањето од плаќање на месечните аконтации на данокот доход за вршителите на самостојна дејност до месец мај 2021 година и преполовена даночна обврска за занаетчиите-паушалисти за цела 2021 година. Деталин текст на темата и ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ на Законот за данокот на личен доход побарај на ПОВЕЌЕ.
Четири важни предлог измени на Законот за данокот на добивка (април 2021 година). Информација за предложените измени, Предлог Закон и Пречистен текст на Законот за данокот на добивка со вклучени предлог измени побарај на ПОВЕЌЕ.
За новини во Законот за акцизите и обврската за доплата на акциза - 6 април 2021 година, информации, текст и пречистен текст на Законот за акцизите побарај на ПОВЕЌЕ.
Дополнување на Законот за трговија како замена за Уредбата што се применуваше за време на вонредната состојба. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Текст за појаснување на наведените системи на оданочување и осврт на сметководствената и даночна евиденција кај секој од нив побарај на ПОВЕЌЕ.
Трансформација на заем во влог во постапка на зголемување на основната главнина на друштвото може да се врши за заем исклучиво даден од страна на единствениот содружник во ДООЕЛ (член 169 став 2 од ЗТД), односно од страна на единствениот акционер на друштвото кое е во целосна негова сопственост (член 416 од ЗТД). Можност за трансформација постои без оглед дали како единствен основач на друштвото се јавува физичко или правно лице, домашен или странски резидент. Дополнителните доплати, исто така може да се трансформираат во влог во друштвото од страна на единствениот содружник. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
31 март 2021 година е последен рок за поднесување до УЈП на ДД-01-Барање за пренесување на искажаната загуба. Искажаната Даночна загуба (Негативна даночна основа утврдена како разлика меѓу повисокиот износ на Загуба од Билансот на успех и помалиот износ на Оданочиви расходи од Даночниот биланс) може да се пренесе на товар на добивката (читај: на товар на даночната основа) во идните пресметковни (даночни) периоди најмногу до ПЕТ години сметано од годината во која е искажана загубата. Детали, текст, образец, акти и прописи побарај на ПОВЕЌЕ.
Со предлог измени на Законот за данокот на личен доход се продолжува ослободувањето за месечните аконтации на вршителите на дејност до мај 2021 година и се преполовува даночната обврска за 2021 за занаетчиите-паушалисти. Детали и текстот на предлог Законот за ДЛС побарај на ПОВЕЌЕ.
Текстовите од Информатор 3/2021 и целосната содржина на списанието побарај ја на ПОВЕЌЕ.
