Дополнување на Законот за трговија како замена за Уредбата што се применуваше за време на вонредната состојба. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Изменување на Уредбата за домашни платежни картички: Олеснување за обележувањето на македонските производи и нови шифри кои може да наплатуваат со домашна платежна картичка. Детали и пречистен текст на Уредбата побарај на ПОВЕЌЕ.
Дефинирање на категоријата „македонски прозводи“ за целите на примената на Уредбата за домашна платежна картичка. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Tрговците на мало од 22 април 2020-та имаат обврска: да обезбедат редарска служба при влезот и во внатрешноста на објектот, за да се запази минимум потребното растојание меѓу лицата пред и во објектот; да обезбеди спроведување на дезинфекција за раце при влез во објектот; да постави соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред и во објектот; да обезбеди заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените лица во објектот; вработените лица се должни заштитната опрема да ја носат за времетраење на работното време. Детали и пречистен текст на Уредбата побарај на ПОВЕЌЕ.
On-line продажбата на добра во актуелните услови станува интересна бизнис опција. За целите на достава на стоки и производи до дома компаниите фрмираат свои служби, односно користат компании специјализирани за достава. Детали на темата побарај во текстот на ПОВЕЌЕ.
Во „Службен весник на РСМ“, бр. 80/2020 се објави Одлука за дополнување на Одлуката за укинување на увозната давачка - царинската стапка за потрошен медицински материјал, со која од листата на стоки со тарифен број ex3004 90 00 00 (ознаката „ex“ значи важење само за некои од стоките содржани во тарифниот број) ослободувањето се предвиде и за производот хлорокин (chloroquine) кој се увезува под овој тарифен број. Ова дополнето ослободување е на сила од денот на објавувањето - 27 март 2020 година. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Во услови на кризата од корона вирусот, согласно со членот 30 од Законот за трговија, Владата пропиша ограничување на извозот на одделни производи, определување на највисоки цени за одделни производи и утврди посебни услови за трговија на одделни стоки - забрана за зголемување на маржата. Текст со детали за мерките во трговијата заради заштитa од корона вирусот и сите поврзани прописи побарај на ПОВЕЌЕ.
Текст за регулативата за електронската трговија, нејзиниот даночен и сметководствен третман побарај на ПОВЕЌЕ.
Од 1 јуни 2019 година стартува дигиталниот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД). Деталите побарај ги на ПОВЕЌЕ.
Обврски за трговците на зелени пазари-барање, регистар, легитимации, прописи .... Инфо детали и Прописи побарај на ПОВЕЌЕ.
