Во „Службен весник на РСМ“, бр. 50/19 од 5 март 2019 година се објавени промените на Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство (во сила од 13. март 2019 година). Со промените се пропишани нови основи за слободно отворање и имање на сметка во странска банка од страна на македонски резиденти, за кои претходно беше потребно одобрение од Народната банка на РСМ). Текст со детали на предметната тема побарајте во текстот на ПОВЕЌЕ.
Од 04.12.2018 година се либерализираат капиталните трансакции - ВЛОЖУВАЊЕ ВО ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ И НЕДВИЖНОСТИ ВО СТРАНСТВО. Деталите побарајте ги во текстот на ПОВЕЌЕ.
Министерството за надворешни работи објави во „Службен весник на РМ“ број 17 од 25 јануари 2019 година дека Одлуката за ПРЕМИН ВО ВТОРА ФАЗА НА АСОЦИЈАЦИЈА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ЕВРОПСКАТА ЗАЕДНИЦА И НЕЈЗИНИТЕ ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ, согласно со членот 5 (3) од СПОГОДБАТА ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА И АСОЦИЈАЦИЈА склучена меѓу Европските заедници и нејзините земји - членки од една страна и Република Македонија од друга страна, донесена од страна на Советот за стабилизација и асоцијација со размена на писма на 10.7.2018 година и 26.11.2018 година во Брисел, е ВЛЕЗЕНА ВО СИЛА НА 4 ДЕКЕМВРИ 2018 ГОДИНА. Детали и линк до инфо на Министерството за финансии побарај на ПОВЕЌЕ.
Кратко инфо за обврската за доставување до Народна банка на обрасците ВС 11 и ВС 22, како и Квартален извештај КВС 22 за 2016 година побарај на ПОВЕЌЕ.
