Ослободување за плаќање на аконтациите на ДАНОК НА ДОХОД ОД ВРШЕЊЕ НА САМОСТОЈНА ДЕЈНОСТ за месеците март, април и мај 2020 година

Согласно со Уредбате со законска сила за примена на Законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба (79.2020), таргетирани обврзници на данокот на доход од вршење на САМОСТОЈНА ДЕЈНОСТ кои претрпеле штети во работењето од Корона вирусот и кои исполнуваат дефинирани услови ќе бидат ослободени од плаќање на износот на аконтациите на данокот на доход од вршење на САМОСТОЈНА ДЕЈНОСТ за месеците март, април и мај 2020 година. Сите детали за Уредбата, пречистен текст на Законот за данокот на личен доход и НОВИОТ образец Барање побај ги на ПОВЕЌЕ.

Share
Поднесување на „ДЛД-ДБ“ и „Б“ за 2019 година преку системот e-pdd

Управата за јавни приходи информира дека системот е-Персонален данок ќе биде привремено недостапен поради имплементација на обрасците “ДЛД-ДБ” и “Б” за 2019 година кои задолжително се поднесуваат по електронски пат. На системот e-pdd поставено е Барањето за одобрение на даночно ослободување по основ на воведување на фискален систем на опрема, односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем на управување (образец ДЛД-02), кој ќе започне да се поднесува електронски во 2021 година. Во системот e-pdd во модулот„Доход од вршење самостојна дејност“ се содржи под-модулот Вистински доход, преку кој се врши внес и обработка на: Биланс на приходи и расходи (образец “Б”) и Годишен даночен биланс (образец ДЛД-ДБ).

Share
Пресметани даночни стапки на данокот на личен доход за 2020 година (од нето износ) и Алаткa за пресметка (excel)

Прегледот на пресметани даночни стапки на данокот на личен доход за 2020 година (од нето износ) и Алатка за пресметка на данокот на доход (во примена од 1 јануари 2020 година), според различни видови на примања и надоместоци може да симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Пречистен текст на Законот за данокот на личен доход и Алатки за пресметка на платите 2020

Пречистен текст на Законот за данокот на личен доход, со вклучени измени и дополнувања од „Сл. весник“, бр. 275/19, Алатки за пресметка на НЕТО и БРУТО платата за 2020 година може да симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Сет на Закони објавени во Сл. весник на РС, бр. 275.19

Службениот весник на РСМ бр. 275/19 од 17 декември 2019 година со сет на даночни и други закони може да го симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Нов Даночен биланс за вршителите на самостојна дејност (ДЛД-ДБ)

Во „Службен весник на РСМ“, бр. 271/19 објавен е Правилникот за формата, содржината и начинот на составување на годишниот даночен биланс за обврзниците кои вршат самостојна дејност. Со Правилникот е пропишана формата, содржината и начинот на составување на годишниот даночен биланс (Образец ДЛД-ДБ) за обврзниците кои остваруваат приходи од вршење на самостојна дејност и кои се должни да водат деловни книги. Повеќе детали и Правилникот побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Месечен износ на личното ослободување (даночно намалување) за 2020 година = 8.228 денари

Детали за износот на личното ослободување (даночно намалување) за 2020 година побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Предлог Закони за ИД на Законот за данокот на личен доход и Законот за ДДВ

Кратка информација за предлог измените и дополнувањата на Законот за данокот на личен доход и Законот за ДДВ и Текстовите на ДВАТА Предлог Закони доставени до Собранието. Детали на ПОВЕЌЕ.

Share
Се одлага за 3 години оданочувањето на капиталните добивки од ХВ и на каматите од депозити

Се одлага за 3 години оданочувањето на капиталните добивки од ХВ и на каматите од депозити. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Од 1 јануари 2020 година: Прогресивниот данок се става во мирување

Ангеловска: Прогресивниот данок се става во мирување, следните 36 месеци личниот доход ќе се даночи со 10 проценти. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share