Кореспондениција на ИСОС со ЦРМ

ИСОС овие денови има интензивна кореспонденција со Централниот регистар на РМ и со УЈП. За што се работи погледајте од доставените дописи на ИСОС до овие институции. Допис на ИСОС

Share
Среќна Нова година !

Среќна Нова 2019-та година, ви посакува тимот на Про Агенс !

Share
Нацрт текст на НОВ Закон за акцизи

Нацрт текст на НОВ Закон за акцизи; Неколку информации од нацрт текстот на Законот за акцизи: Во новиот Предлог Закон за акцизите патничките автомобили не се предмет на оданочување; Со новиот Закон за акцизи, малите дестилерии ќе плаќаат 50% од полната акциза по литар алкохол, а земјоделците мали производители – 8,5% од полната акциза по литар алкохол. Кај големите производители на алкохол акцизата останува иста; Со новиот Закон за акцизи се овозможуваат увоз и пуштање во промет на нови тутунски производи, како несогорливиот тутун, кои граѓаните не можеа да ги набават во нашата земја, па ги набавуваа од странство; Се предвидува акцизата за тутунските производи и алкохолните пијалаци да се плаќа со пуштање во промет на производот. Досега акцизата се плаќаше однапред, со подигањето на акцизните марки; Заради следење на увозот и извозот на струјата, природниот гас, јагленот, коксот и лигнитот, овие производи стануваат акцизни добра со новиот закон, со тоа што нивната акциза се одредува на 0%. Нема да има промени во цената на овие производи поради новиот Закон за акцизи. Нацрт Законот за акцизите и детали за процесот може да побарате на ПОВЕЌЕ.

Share
Градежништво – сметководствен и даночен третман

Градежништвото во Македонија, во последните неколку години зема особено голем замав и тоа во најразлични форми на сопствено и договорно градежно производство. Различните форми продуцираат и различен дсночен промет, односно завршуваат како промет на добра или како извршена услуга. Во меѓувреме и сметководственото евидентирање на деловните трансакции во градежништвото добива посебни пишани правила. Сметководствените стандарди ја оформуваат сметководствената регулатива на која почиваат евиденциите во градежништвото. За сметководствените и даночните третмани на трансакциите поврзани со градежништвото побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Достава на стока во центарот на Скопје

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ДОСТАВУВАЧИ НА СТОКА, АВТОШКОЛИ И ГРАДЕЖНИ КОМПАНИИ ! Советот на град Скопје ја усвоил одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за организирање и дефинирање на условите за доставување на стока на потесното градско подрачје. Согласно со оваа одлука, се забранува доставувањето на стока во периодот од 7:30 наутро до 18 часот од 1 декември до 31 март односно истата ќе се врши во периодот од 18 до 7:30 часот, со запирање и паркирање не подолго од 15 минути. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Социјални придонеси – НОВИ и важни измени на Законот за придонеси

Со измена на Законот за придонеси објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 171/17, од 1 јануари 2018 година се менува НАЈВИСОКАТА месечна основица за пресметување и плаќање на придонесите. За деталите побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Информатор 10/2017

Содржината на Информаторот бр. 10/2017 (октомври 2017 година) побарај ја на ПОВЕЌЕ.

Share
Советување, Скопје: 6 јуни (вторник) и Грција: 8-11 јуни 2017 година (четврток-недела)

Советувања во Скопје на 6 јуни и Грција: 8-11 јуни 2017 година. Важно: Задолжително пријавување со РЕГИСТАРСКИОТ БРОЈ од РЕГИСТРИТЕ на ИСОС ! Пријавите и ПРОГРАМАТА побарај ги на ПОВЕЌЕ.

Share
Пријава за Советувањата во Македонија

Пријавата за Советувањата во Македонија може да ја симнете на следниот линк: 2_prijava_za_sovetuvanje_mkd_gs_2017

Share
Известување на УЈП од 26.01.2017: Продолжување на роковите за поднесување на ДДВ-04 и Годишните извештаи

На 26 јануари 2017 година, УЈП извести на својата интернет страна дека се продолжуваат роковите за поднесување на ДДВ-04 и Годишните извештаи Согласно Законот за даночна постапка, во услови на масовно, а отежнато поднесување на даночни пријави и извештаи преку системот е-Даноци, се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека роковите за поднесување на ДДВ-04 пријавата и Годишните даночни извештаи се продолжуваат, и тоа:

  • за ДДВ-04 пријава, крајниот рок за поднесување 25.01.2017 се продолжува за 5 (работни дена), односно крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавите ќе се смета 01.02.2017 година.
  • за Годишните извештаи (обрасци ПДД-ГИ/ОЗП, ПДД-ГИ/ОЦО, ПДД/ГИ-ЗП, ПДД-ГИ), крајниот рок за поднесување 31.01.2017 се продолжува за 5 (работни дена), односно крајниот рок за поднесување на Годишните извештаи ќе се смета 07.02.2017 година.

Share