Регистрација и дерегистрација за ДДВ

Текстот на тема Регистрација и дерегистрација за ДДВ може да симнете на повеќе.

Share
Годишен извештај за персоналниот данок на доход

Вторник, 31 јануари 2017 година е последен рок за електронско поднесување на Годишниот Извештај за персоналниот данок на доход за 2016 (ПДД-ГИ) Текст за деталите во врска со составувањето на Годишниот извештај за ПДД може да симнете на повеќе.

Share
Јануари 2017-та: Плати на државните службеници

Согласно со Одлуката на Владата на РМ за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на државните службеници за 2017 година (223/16), вредноста на БОДОТ за 2017 година изнесува 76,8 денари (непроменет во однос на претходната година). Платите на државните службеници за ЈАНУАРИ 2017 година ќе се пресметуваат со примената на објавената вредност на бодот (76,8 денари)

Share
Надоместок за користење на приватно возило за службени цели за 2016 година

Прегледот на надоместокот за користење на приватно возило за службени цели за 2016 година може да го симнете на повеќе

Share
Намалување на казнената камата од 1 јануари 2017-та

Поради намалување на референтната стапка за пресметување на казнената камата од 4% на 3,75% (објава на НБРМ од 30.12.2016), од 1 јануари 2017 година е намалена и казнената каматна стапка (намалувањето се однесува на периодот: 01,01,2017-30,06,2017). За првото полугодие од 2017 година:

  • Стапката на казнената камата за побарување/долг во денари меѓу трговци изнесува 13,75% (до 31.12.2016 изнесуваше 14%)
  • Стапката на казнената камата за побарување/долг во денари меѓу лица од кои барем едното не е трговец изнесува 11,75% (до 31.12.2016 изнесуваше 12%)
  • За казнената камата во странска валута побарај информација на повеќе.

Share
Нова ДДВ Пријава (ДДВ-04)

Од 1 јануари 2017 година се применува НОВА ДДВ Пријава (ДДВ-04). Единствената разлика во однос на старата пријава е отстранувањето на Периодичните финансиски извештаи од одобрените фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања во делот ПРИЛОЗИ. Функционално овие Извештаи се покриени со ГПРС конекцијата. Новиот Правилник за формата и содржината на Даночната Пријава на данокот на додадена вредност (222/16) можете да го симнете на повеќе.

Share
Донесена Одлуката за повластена даночна стапка за пелети

Повластена даночна стапка за пелети, печки и котли на пелети Во „Службен весник на РМ“ бр. 222/16 од 28.12.2016 година објавена е Одлуката за изменување и дополнување на одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена даночна стапка на ДДВ која се однесува за примена на повластената даночна стапка за: пелети, печки на пелети и котли на пелети. Пречистениот текст на Одлуката можеш да ја симнеш на повеќе.

Share
Најнов Прирачник за персоналниот данок на доход

Прирачникот за персоналниот данок на доход ќе го добијат како подарок претплатниците со платена претплата за 2017 година до крајот на 2016-та година. Содржина на Прирачникот за персоналниот данок на доход: https://issuu.com/proagens/docs/priracnik-pdd-2017

Share
Најнов износ на регрес за годишен одмор

Прегледот на регресот за годишен одмор за цела 2016 година може да го симнете на повеќе

Share
Лично ослободување за 2017 година

Месечното лично ослободување за 2017 година изнесува 7.456 денари (1/12 од личното ослободување кое на годишно ниво изнесува: 89.472 денари). Личното ослободување ја намалува основицата за пресметување на персонален данок за примањата по основ на плата и пензија. Преглед на месечното лично ослободување по години може да го симнеш на повеќе.

Share