КПУ обуки на Про Агенс во ДЕКЕМВРИ 2017 година

Термини и локации на КПУ обуки на Про Агенс во ДЕКЕМВРИ 2017 година: 12 декември (ВТОРНИК) 2017 г., Битола, х. „Милениум“; 14 декември (ЧЕТВРТОК) 2017 г., Штип, х. „Оаза“; 16 декември (САБОТА, викенд КПУ обука) 2017 г., Скопје, Економски факултет при УКИМ; 22 декември (ПЕТОК) 2017 г., Скопје, х. „Континентал“; Работните информации (Програма, Пријава, Дневен тајминг и Про фактура) побарајте ги на ПОВЕЌЕ.

Share
Брзо, кратко, јасно за регресот за годишен одмор за 2017 година

Потсетуваме на обврската за исплата на регрес за годишен одмор за 2017 година согласно со законските одредби и колективните договори и пропишани износи. Деталите побарај ги на ПОВЕЌЕ.

Share
Социјални придонеси – НОВИ и важни измени на Законот за придонеси

Со измена на Законот за придонеси објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 171/17, од 1 јануари 2018 година се менува НАЈВИСОКАТА месечна основица за пресметување и плаќање на придонесите. За деталите побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Буџетски корисници – Од 5 декември 2017та во сила се важни измени на Законот за сметководство за буџетски корисници

Со измените на Законот за сметководство за буџетски корисници се воведува важна обврска за овие субјекти. Пречистен текст на Законот за изменување и дополнување на Законот за сметководството на буџетските корисници и детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Попис кај буџетски корисници

Текст за спроведување на попис кај буџетски корисници за 2017 година може да симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Промет на станови – даночен третман

За даночниот третман во врска со прометот на станови и станбени згради (оданочување со 5%, неоданочување, можност за оданочување со 18%, пресметување на данок на промет на недвижности, право на одбивка на влезно ДДВ, промет без можност за одбивање на ДДВ од набавката и сл.) прочитајте на ПОВЕЌЕ.

Share
Презентации од КПУ обуката 1/2017 на Агенцијата Про Агенс

Презентациите од КПУ обуката 1/2017 на Агенцијата Про Агенс одржана во периодот октомври-ноември 2017 година се постирани на ПОВЕЌЕ.

Share
Про агенс најавува НОВ циклус на КПУ обуки (2/2017) до крајот на 2017 година

Важно: Про агенс наскоро ќе ги објави термините и локациите за ВТОРИОТ циклус на КПУ обуки (2/2017) за овластени сметководители / сметководители што ќе се одржат до крајот на 2017 година. Вториот циклу ќе биде во траење од 8 КПУ часови. И овој пат секој учесник ќе добие Прирачник (без никаква доплата), а презентациите после завршувањето на циклусот ќе бидат поставени на http://www.proagens.mk Колегите кои досега не посетиле КПУ обука, имаат можност да ја посетат претстојната ВИКЕНД КПУ обука на Про агенс што ќе се одржи на 18 ноември 2017 година (САБОТА) на Економски факултет при УКИМ во Скопје (амф. 1). Со посета на оваа обука и на уште една еднодневна КПУ обука до крајот на годината, колегите овластени сметководители/сметководители ќе успеат да го исполнат потребниот број на часови. Детали на ПОВЕЌЕ

Share
МФ ги конкретизира предлозите во Законот за сметководствени работи

Министерството за финансии ги конкретизираше своите предлози во Нацрт Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи. Во врска со бројот на КПУ часови за 2017 година се предлага: овластените сметководители да посетат најмалку 15 КПУ часови и сметководителите да посетат најмалку 10 КПУ часови. Бројот на законски неопходните КПУ часови за период од ТРИ години се предлага да се намали на следниот начин: за овластените сметководители од 120 на 90 часа, при што најмалку 20 часа во текот на една година (сегашното решение е 30 часа) и за сметководители од 90 на 60 часа, при што најмалку 10 часа во текот на една година (сегашното решение е 20 часа). Се предлага да им се даде рок од 60 дена од денот на влегувањето во сила на Законот на Лицата кои не успеала во законскиот рок да го заменат уверението од МФ со уверение од ИСОС, како и оние што не успеале во законскиот рок да се запишат во соодветниот регистар на ИСОС. Пречистен текст на предлог Законот може да симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
ПРИРАЧНИК ЗА ОДАНОЧУВАЊЕ НА НЕВЛАДИНИОТ СЕКТОР – ПРОЦЕДУРИ, ПРАВА И ОБВРСКИ

ПРИРАЧНИК-от ЗА ОДАНОЧУВАЊЕ НА НЕВЛАДИНИОТ СЕКТОР - ПРОЦЕДУРИ, ПРАВА И ОБВРСКИ може да го симнете на ПОВЕЌЕ.

Share