Белешки од jавната расправа за Законот за вршење на сметководствени работи

Белешки од Јавната расправа за Законот за вршење на сметководствени работи во организација на Комисијата за финансирање и буџет на Собраниието одржана на 7 март о.г. може да симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Даночен третман на подарок

Подарувањето (на недвижности, предмети, пари, хартии од вредност) меѓу физички лица (граѓани), односно меѓу правни лица или пак меѓу правни и физички лица претставува честа појава во праксата. Подарокот е даночно регулиран со повеќе закони, а даночниот третман на истиот зависи примарно од правниот статус на давателот и примателот на подарокот т.е. од фактот дали се работи за правни и/или физички лица. Текстот симнете го на ПОВЕЌЕ.

Share
Владата дала позитивно мислење за АВТЕНТИЧНО ТОЛКУВАЊЕ на членот 115 од Законот за данок на личен доход.

Владата на РСМ на седницата одржана на 26-ти март 2019-та година (вторник) дала позитивно мислење на иницијативата на група пратеници за АВТЕНТИЧНО ТОЛКУВАЊЕ на членот 115 од Законот за данок на личен доход. Детали побарајте на ПОВЕЌЕ.

Share
Промени на начинот и условите за отворање сметки во странство

Во „Службен весник на РСМ“, бр. 50/19 од 5 март 2019 година се објавени промените на Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство (во сила од 13. март 2019 година). Со промените се пропишани нови основи за слободно отворање и имање на сметка во странска банка од страна на македонски резиденти, за кои претходно беше потребно одобрение од Народната банка на РСМ). Текст со детали на предметната тема побарајте во текстот на ПОВЕЌЕ.

Share
Од април 2019-та година, минималната бруто плата ќе се зголеми за 3,3% и ќе изнесува 17.943 денари

Од април 2019-та година, минималната бруто плата ќе се зголеми за 3,3% и ќе изнесува 17.943 денари

Share
Информатор 3/2019

Информаторот број 3/2019 може да го симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Oсврт на некои дилеми од работните односи

Во кратки и концизни текстови се осврнуваме на неколку дилеми од работните односи: Mожност за трансформирање на договорот за вработување од определено на неопределено време, Можност за откажување на договорот за вработување со приправник, Можно порамнување (компензирање) на исплаќањето на плата, Момент на започнување на течење на отказен рок, Паричен надоместок наместо отказен рок, Застарување на парични побарувања од работен однос, Казнени мерки за затекнување на непријавени работници, Детали побарајте на ПОВЕЌЕ.

Share
31 март 2019-та – Рок за достава на консолидирани годишни сметки (финансиски извештаи) за 2018-та година

Кон­со­ли­ди­ра­на ГС и консолидирани ФИ сос­та­ву­ва и об­ја­ву­ва друштво кое има преовладувачко влијание во едно или по­ве­ќе друш­т­ва (владејачко друштво), поради што нив ги потпишува одговорното лице во тоа друштво. За консолидираните финансиски извештаи да презентираат финансиски информации за групата како за едно единствено претпријатие, се преземаат следните чекори: (а) се елиминира сметководствената вредност на вложувањето на матичното претпријатие во секоја подружница и делот на матичното претпријатие од главнината на секоја подружница; (б) се идентификуваат малцинските учества во нето добивката на консолидираните подружници за известувачкиот период и истите се корегираат на товар на добивката на групата за да се добие нето добивката којашто може да се припише на сопствениците на матичното претпријатие; и (в) се идентификуваат малцинските учества во нето средствата на консолидираните подружници и истите се презентираат во консолидираниот биланс на состојба одделно од обврските и главнината на матичното претпријатие. Детали побарајте на ПОВЕЌЕ.

Share
Предлог измени на Законот за регистрирање на готовинското плаќање

Со предлог измени и дополнувања на Законот за регистрирање на готовински плаќања (поминат во прво читање во Собранието) а заради намалување на фискалната евазија, се санкционира несоодветното користење на фискалниот систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања во поглед на преобемно издавање на сторни сметки и нерегистрирање на остварениот промет. Во линкуваниот текст на ПОВЕЌЕ може да го прочитате коментарот на предложените законски измени.

Share
Либерализација на капиталните трансакции за резиденти: Вложување во ХОВ и недвижности во странство

Од 04.12.2018 година се либерализираат капиталните трансакции - ВЛОЖУВАЊЕ ВО ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ И НЕДВИЖНОСТИ ВО СТРАНСТВО. Деталите побарајте ги во текстот на ПОВЕЌЕ.

Share