КПУ 4/2019 на Про Агенс во месец декември 2019: Скопје, х. „Континентал“, 23-24 декември 2019 година (понедел.-вторник).
За нашите претплатници ги поставивме следните корисни алатки за ПОПИС: ИНТЕРНИ АКТИ (во word): 1) Интерни акти за попис 2) Пример на ИОС 3) Интерен Правилник за попис 4) Правилник за попис (107/11) ПОПИСНИ ЛИСТИ (во excel): 1) Пописна листа за материјални средства 2) Пописна листа за нематеријални средства 3) Пописна листа за стоки и материјали 4) Пописна листа за побарувања
Текст посветен на правото, обврската, висината, даночниот третман, ... на регресот за годишен одмор и новогодишниот надомест за 2019 година побарај на ПОВЕЌЕ.
Предлог измени и дополнувања на Законот за вршење на сметководствени работи пред Собраниската Комисија за финансирање и буџет (декември 2019 година). Се предлага бришење на одредбите кои се однесуваат на спроведување на испит за проверка на знаење за задржување на статус сметководител, односно статус овластен сметководител. Се намалува бројот на часови за континуирано професионално усовршување за сметководителите и овластените сметководители кои започнале со посета на часови за континуирано професионално усовршување во календарските 2017, 2018 и 2019 година. Се намалуваат глобите. Предлог Законот и ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ на Законот за вклучен Предлог побарај на ПОВЕЌЕ.
Кратка информација за предлог измените и дополнувањата на Законот за данокот на личен доход и Законот за ДДВ и Текстовите на ДВАТА Предлог Закони доставени до Собранието. Детали на ПОВЕЌЕ.
УЈП објави НОВ МПИН плус Информација за начинот на поднесување на барање на субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата. Линк до информацијата на ПОВЕЌЕ.
404 нова шифра во МПИН за субвенционирање на придонесите. Правилникот и Законот за субвенционирање на придонесите, како и Коментар на правото за субвенциониање на придонесите за зголемување на плата побарај на ПОВЕЌЕ.
Во „Службен весник на РСМ“, бр. 239/19, од 19.11.2019 година се објавени измени и дополнувања на Законот за минимална плата. Измените влегуваат во сила на 19.11.2019 година. Согласно со ово Закон, висината на минималната плата изнесува 14.500 денари во нето износ, започнувајќи со исплатата на платата за месец декември 2019 година заклучно со исплатата на платата за месец март 2020 година. Детали и линкови до ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ за Законот за минимална плата побарај на ПОВЕЌЕ.
На 166 Седницата на Владата на Северна Македонија одржана на 19.11.2019 година е утврден текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, и истиот е доставен на усвојување до Собранието на државата. За какви измени се работи побарај на ПОВЕЌЕ.
Во „Службен весник на РСМ“, број 225 од 31.10.2019 се објавија измени и дополнувања на новиот Закон за акцизите (Законот и неговите измени се објавени во „Службен весник на РСМ“ бр. 108/19, 143/19 и 225/19). Ова е втора измена и второ одлагање на започнување на примената на овој Закон. Новиот датум за започнување на примената на новиот Закон за акцизите е 1 јануари 2020 година. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
