Намалена стапка на ДДВ на електрична енергија за домаќинствата

Со измената и дополнувањето на Законот за ДДВ (163/21) се пропиша намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% за прометот и увозот на електричната енергија за домаќинствата за период од 16.07.2021 (ден на влегување во сила на законот) до 30 јуни 2022 година, како и идно оданочување на истиот промет со даночна стапка од 10% за периодот од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година. По истекот на наведените периоди на примена на повластената стапка од 5% и 10%, од 1 јули 2023 година, прометот и увозот на електричната енергија за домаќинствата, повторно ќе се оданочува со 18% ДДВ. Останатите потрошувачи (деловните субјекти) немаат повластувања, односно поскапувањето на енергијата ќе ги товари нивните трошоци, со тоа што за оние кои не се ДДВ обврзници или немаат право на одбивка на ДДВ, поскапувањето додатно се одразува преку пресметаните 18% ДДВ на повисока основица.

Share
Данок на добивка – 2021: Удвоен износот на даночно признатиот регрес за годишен одмор и зголемување на даночно признатите расходи за тестирање за COVID-19

Данок на добивка - 2021: Удвоен износот на даночно признатиот регрес за годишен одмор и зголемување на даночно признатите расходи за тестирање за COVID-19. Детали и пречистен текст на Законот за данокот на добивка побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
Измени на Законот за даноците на имот: Од 2022 година, неактивниот имот ќе се оданочува со три пати повисоки стапки

Во Службен весник број 151/2021 од 6 јули 2021 година се објавени две измени и дополнувања на Законот за даноците на имот. Со измените, од 2022 година се зголемуваат пропишаните даночни стапки за оданочување на неактивниот имот за ТРИ ПАТИ и за ПЕТ ПАТИ, ако се открие неактивен имот кој не е пријавен. Од 2022 година заради оданочувањето се воведува обврска за ревизија (со процена) на пазарната вредност на имотот.

Share
1 јули 2021 година: Намалување на законската казнена (затезна) камата за 0,25 процентни поени

1 јули 2021 година: Намалување на законската казнена (затезна) камата за 0,25 процентни поени. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Share
ДВЕ годишно транзициско намалување на стапката на ДДВ на прометот на струја за домаќинствата

ДВЕ годишно транзициско намалување на стапката на ДДВ на прометот на струја за домаќинствата. Јунскиот предлог текст на Законот за ДДВ и пречистенио текст побарајте ги на ПОВЕЌЕ.

Share
ИНФОРМАТОР, бр. 6 (јуни 2021 година)

Одделните текстови, како и целосната содржина на списанието „ИНФОРМАТОР“, бр. 6 (јуни 2021 година) може да ги симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Здравствени протоколи кои се применуваат од 15 јуни 2021 година

Здравствените протоколи кои се применуваат од 15 јуни 2021 година може да ги симнеш на ПОВЕЌЕ.

Share
Уставниот суд го укина приоритетното право на намирување во стечајна постапка на Фондот за осигурување на депозити

Уставниот суд го укина приоритетното право на намирување во стечајна постапка на Фондот за осигурување на депозити. Коментар на Одлуката на Уставниот сду со која се укинува членот 163 став 3 од Законот за банките и самата Одлука побарај ги на ПОВЕЌЕ.

Share
Одлука за користење на службни мобилни телефони за вработените во државната управа

Со Одлука за определување на правото на користење на службен мобилен телефон и за ограничување на износот на сметката се определува правото на користење на службен мобилен телефон, се врши ограничување на сметката за користење на телефонот и се уредува начинот на надоместување на сметката повисока од ограничувањето утврдено со одлуката. Пречистениот текст на Одлуката може да го симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Е-Обука на Про Агенс (12 и  15 ЈУНИ 2021): Даноци (актуелна примена и новини 2021-2022), Работни односи во пракса, Е-трговија

Е-Обука на Про Агенс (12 и 15 ЈУНИ 2021): Даноци (актуелна примена и новини 2021-2022), Работни односи во пракса, Е-трговија

Share